Издавач Анастас Константиновиќ
Анастас Константиновиќ отворил книжарница на главната улица во 1922 година. Покрај канцеларискиот материјал, продавал книги и школски учебници. Тој издал две серии на разгледници, од која на една од првите разгледници стои датум на испраќање 9 август 1923 г.
Оваа прва серија на Анастас Константиновиќ од 8 разгледници во сепиа боја се одликува со низок квалитет на хартијата. Текстот на задната страна од разгледниците е нечиток или, ако е со мастило, е разлеан. Неговата втора серија која се јавува многу подоцна, околу 1935/37 година, е навистина со одличен квалитет. Изработена во црно-бела техника, со извонредни мотиви од градот, остава впечаток на убаво уреден град со извонредни објекти, паркови и околни планини за излет и рекреација.