Издавач Димитрија Пандаревиќ

Димитрија Пандаревиќ е битолски издавач на разгледници во периодот од 1937 до 1939 година. И тој е сопственик на книжарница, и на неговите разгледници на задната страна стои: Издање Књижаре Димитрије Пандаревиќ Битољ, заштитен знак од печатницата и серискиот број на разгледницата.
Неговите разгледници се со висок квалитет а и мотивите кои ги има прикажано на истите се импресивни. Тие се изработени во црно-бела техника, со опис на предната страна со кирилично писмо, и со провиден премаз за долготрајна заштита.