Издавач Дијаманди Османли(јевиќ) (1881 - 1944)
Еден од најголемите издавачи на битолски разгледници од периодот измеѓу двете светски војни - српската управа е битолчанецот Дијаманди Османли(јевиќ) (1881 - 1944). Тој е помалиот брат на книжарот и издавач Петар Османлијевиќ.
Како и другите издавачи на разгледници и Дијаманди (Манди) Османлијевиќ имал своја книжарница и работел како книжар. Времето во кое тој издава, повикувајќи се на датумите на испраќање на разгледниците, веројатно е од 1931 до почетокот на Втората светска војна. Во почетокот на неговото издавање, околу 1931 година, се јавуваат црно-белите разгледници.
Некои од нив се изработени со стандардна литографска техника, а некои се изработени по фотографска постапка. Покрај црно-белите разгледници, тој издава и разгледници во боја со многу висок квалитет. Повеќето од неговите разгледници од Битола се издадени во боја. Мотивите од градот, кои ги има прикажано на своите разгледници, се извонредни и разновидни. Некои од првите издадени разгледници во црно-бела техника, подоцна истите се издадени и во боја. Покрај разгледниците со мотиви од градот, тој издава и разгледници со етнички мотиви: народни носии, народни обичаи, свадби, итн.
Првите разгледници на Дијаманди Османлијевиќ беа издадени во црно-бела техника и сепиа боја и беа поединечни. Повеќето од нив подоцна беа повторно издадени, но овојпат во боја. Каде истите беа печатени не ни е познато, но разгледниците во боја за периодот кога се печатени и издадени се одликуваат со одличен квалитет во хартијата и самата печатарска постапка. Тој на своите разгледници го прикажа целиот град и повидните објекти кои дотогаш не беа видени. Покрај главната улица, Саат кулата, Пекмез Пазар, џамиите, и многубројните панорами од повеќе места, тој ни презентира споредни улици од градот, училишта, цркви и многу други повидни објекти од нашиот град.
Покрај разгледниците во боја, кои се печатени во една иста печатарска куќа, останатите негови разгледници се разликуваа по изглед и по начинот како и каде тие се печатени, односно изработени. Некои од неговите први разгледници печатени се во една иста печатница со разгледниците на Димитрија Пандаревиќ и тие воопшто не
се разликуваат измеѓу себе по изглед и квалитет.