Издавач Илија Иванов (Книжарница "Просвета")
Роден во Плевен (Бугарија) во 1883 година, учел занает во Солун, оженет со сопруга од Прилеп а работел и животот го завршил во Битола. Тоа е кратката биографија на печатарот и книжар Илија Иванов. Неговата книжарница и печатница се сместени во приземјето на неговата семејна куќа која се наоѓала на југоисточниот агол од Широк Сокак и улицата "Рузвелтова". Неговата рекламна табла со името Книжарница "Просвета" видлива е на повеќе разгледници и од други издавачи. Залепена до Гранд хотел "Јевтиќ", со главен влез од Широк Сокак и Рузвелтова улица оваа локација била идеална за овој вид на работа. На неговата рекламна табла стои:
Стовариште Канцелариског Материјала
Книжарница-Штампарија "Просвета" Илија Ивановиќ
Иако печатењето на разгледници беше негова споредна дејност, тој остави разгледници со мотиви кои и денес гледајќи ги не не оставаат рамнодушни. Покрај главната улица, неговата книжарница и Гранд хотелот "Ј евтиќ" кои се прикажани со многу детали, исто така, на неговите разгледници има и објекти од периферијата на градот. Полигонот за вежби на турската армија за време на Османлиската Империја, сега постепено го менува ликот и новиот објект "Соколаната" и Градскиот парк се појавуваат на тој простор. Исто така, тој го прикажува на една од неговите разгледници и објектот за преработка на тутун.
Исто така, повеќе од неговите разгледници се повторуваат како и кај претходните издавачи. Сите негови издадени разгледници се црно-бели освен една панорама на Битола од Смилевски Баир која е рачно обоена.
Неколку од неговите разгледници, исто така, се повторуваат. Иако имаше своја печатница, не е јасно дали тој сам ги печатеше разгледниците или таа работа ја вршеше некоја друга посовремена печатница. Но, јасно се гледа дека разгледницата број 484 го носи неговото име како издавач, но, исто така, го има и заштитниот знак како разгледниците од издавачот Димитрија Пандаревиќ со што се заклучува дека е друга печатарска куќа.