Издавач Инзап, Битола

Инвалидската задруга “Инзап” од Битола, некаде околу 1952 година, издаде четири разгледници од Битола од типот повеќесликовити разгледници со наслови:
Поздрав од Битола, Спомен од Битола, Изглед на Битола и Битола.
Истите се изработени по фотографска постапка, откако поединечните слики се наместени во една со рачно испишани наслови и пресликани. Постапката е примитивна и не дава добри резултати, но, сепак, тие се првите чекори за изработка на разгледници од градот од едно битолско претпријатие. Истите се изработени во црно-бела техника и тие се единствените од овој издавач.