
Издавач Италијанска издавачка куќа (IPA CT)
Италијанска издавачка куќа (IPA CT Visto Ufficio Bevisiona Stampa Terni) за која нема многу информации и која веројатно престана со работа веднаш по војната. Оваа издавачка куќа направи две серии од битолски разгледници во текот на 1916/17 година. Едната серија е во боја (рачно обоена), додека другата е еднобојна со зелено-маслинест тон. Описот на разгледниците е на два или три јазици. На овие во боја е на два јазици, француски и англиски, и се наоѓа на задната страна на левиот горен агол, додека на еднобојните е на три јазици, на предната или задната страна на разгледниците, покрај француски и англиски, се јавува и италијанскиот јазик. Мотивите на овие разгледници од овој издавач се претежно од градот. Повеќето од мотивите на истите се јавуваат и во двете серии.
И двете серии се изработени на квалитетна хартија, но после рачното боење сликата не ги содржи деталите. Некои од овие разгледници изгледаат како да не се изработени по фотографска постапка.