Издавач Михајло Николиќ

Михајло Николиќ е издавач на разгледници во периодот после Првата светска војна. За него не знаеме многу бидејќи се појавува за кратко време и исчезнува. Тој издава една серија од седум разгледници со кафеав прелив - сепиа, и неколку поединечни разгледници кои се дел од панорамска разгледница од три дела, издадена во сепиа боја, и во боја исто така. И тој користи некои исти фотографии како и претходните издавачи, и многу разгледници се повторуваат. Описот на разгледниците, како и самиот изглед на истите, е уникатен. Описот е на српски јазик со кирилични и латински букви и задолжително е на долниот дел од разгледницата, на предната страна. На задната страна, во средината, стои: Издање Михајло Николиќ, Битољ