Издавач Нова Македонија - Скопје

Во 1948 година “Нова Македонија” од Скопје издава разгледници од Битола кои по квалитет и начинот на изработка не се разликуваат од претходните издавачи од тој период.
Првите разглед­ници во боја од НИП “Нова Македонија” се појавија околу 1963 година а можеби и порано, и истата издава во наредните години сé до 1975 година. Првите разгледници од 1963 година беа со послаб квалитет, но подоцна, кога НИП “Нова Македонија” почна да издава и печати во сопствените погони, квалитетот го достигна нивото на останатите издавачи од Југославија.