Издавач Петар Османлијевиќ - Битола

Петар Османлијевиќ (1878-1964) од Битола. Според датумите на испраќање на некои од неговите разгледници периодот на неговата издавачка дејност на разгледници се протега од 1921 до 1932 година. Петар имал продавница за музички инструменти и очила на Пекмез Пазар. Тој има издадено повеќе разгледници во серија и поединечни. Некои се рачно обоени, но ги има црно-бели, со релјефна рамка, на жолта основа и други. Описот на неговите разгледници е на француски јазик на предната страна и ““Petar Osmanlich Library”” како издавач, на задната страна. Првите издадени разгледници како овие на оваа страна се рачно обоени. Покрај панорамите на градот, негови интересни мотиви се покрај реката Драгор и Курделес, улицата кон железничката станица, воената болница и други.
Интересно е да се напомене дека тој е прв и единствен што има направено разгледница од железничката станица за Прилеп со малиот воз.