Издавач П.Савинов - Охрид
Савинов од Охрид се јавува како фотограф и издавач, додека Сотир Димов и брат му, користејќи ги фотографиите на Савинов, и тие издаваат една мала серија на битолски разгледници. Направени во еден ист период со фотографии од Савинов во црно-бела техника, тие не се разликуваат. Разгледниците од Савинов имаат краток опис на предната страна, додека на Сотир Димов и брат му описот е на задната страна. Квалитетот и на едните и на другите не е на високо ниво.
На задната страна, во средината на разгледниците на Савинов, стои неговото име како фотограф и издавач: “Снимка и издание П.Савинов-Охрид”
Неговите разгледници се испраќани во Бугарија за време на војната, но, исто така, многу подоцна, некои дури и во 1953 година низ Југославија.