Издавач Светски поштенски сојуз на Србија
Како последен издавач на разгледници за време на Балканските војни се јавува Светскиот поштенски сојуз на Србија. Издадена под наслов “Српска галерија ратних слика” од Српската пошта оваа серија е многу помала од серијата на Рајковиќ и Ѓуковиќ од Белград, а исто така користи исти фотографии како претходната. Истата се разликува од претходната што овие разгледници се во сепиа боја (кафеава боја) и описот на истите е на српски и германски јазик. Повеќето разгледници од оваа серија имаат исти мотиви како и на разгледниците на Рајковиќ и Ѓуковиќ, на наредната страница се прикажани некои кои се разликуваат. Тие не се премногу и истите се сврзани со Балканските војни, прикажувајќи моменти од истите.