Издавач Сотир К. Димов и брат

Фотографирани во ист период од иста локација, но под друг агол разгледниците на издавачот Сотир Димов и неговиот брат, заедно со разгледниците на Савинов, даваат целосен изглед на градот од тој период. Користејќи ги фотографиите на П.Савинов, овојпат како издавач се јавуваат Сотир Димов и не­говиот брат од Битола. Разлики помеѓу овие два издавачи како и да не постојат. Користејќи ги истите мотиви, и истата црно­бела техника-фотографска постапка, начинот како тие се опишани е единствената разлика меѓу овие два издавачи.
Покрај описот на разгледниците на бугарски јазик, стои и опис на германски јазик еден под друг. Во средината назад стои:
“Снимка П.Савинов издание Сотир К. Димов и брат, Битола”