Skip to content

Издавач Тодор Николов

Во периодот од 1926 до 1928/30 како издавач на битолски разгледници се појавува книжарот Тодор Николов. Тој издава две серии разгледници од Битола од кои првата е во црно-бела техника, на жолта подлога, со 12 разгледници, а втората е во боја, со 10 разгледници.
Мотивите кои тој ги има одбрано и прикажано на разгледниците се извонредни. Покрај главната улица, која е најчест мотив и се јавуваа кај сите издавачи, тој оди на места во градот кои досега не беа прикажани од никого. Тука се делови од Старата чаршија, покрај реката Драгор, Воената болница, Бактериолошка станица и др.
Квалитетот на истите е на многу високо ниво и кај црно-белите и кај тие во боја.