Издавач Фото техника, Загреб

Фото техника од Загреб е една од поголемите издавачи на разгледници во Југославија во периодот од 1956 до 1962 година. Покрај црно-белите разгледници прикажани подолу, тие меѓу првите издадоа разгледници во боја. Мотивите од градот се стандардни; Широк Сокак, Саат кулата, но и некои кои денес и не постојат, како Житни Пазар. Тие, исто така, направија една серија од повеќе снимки по порачка од градот под број: 20121-1 до12, кои, за жал, никогаш не беа реализирани.