Издавач Непознат српски или француски издавач
По повод влегувањето на сојузничките армии во Битола во ноември 1916 година, издадена е една мала серија од разгледници со опис на француски на предната страна и француски, англиски и српски јазик на задната страна на разгледниците. Издавачот на овие разгледници не е познат, но веројатно се работи за заедничко издание од српски и француски издавач. Сите разгледници од оваа серија се од пропаганден карактер.