Издавач A.Faucheux, Chelles, Paris, France
Разгледниците на францускиот издавач A.Faucheux од градот Chelles, во близина на Париз, ја прикажаа Битола од друг агол и места кои дотогаш не беа видени.
Изработени во црно-бела техника ја имаме Исак џамијата со дуќаните покрај реката Драгор кои ќе бидат срушени во текот на војната, дел од Старата чаршија, Охридска улица, зградата на Гимназијата гледана од Охридска улица и други делови од градот.
Оваа негова серија, која содржи осум разгледници, (можеби е и поголема) исто така, прикажува и верски објекти како што се Скршена џамија, внатрешноста на Исак џамија, внатрешноста на едно турско кафе итн.
Како издавач A.Faucheux издава разгледници и од многу француски градови. Разгледниците од овој издавач се одликуваат со висок квалитет.