Skip to content

Издавач Anastase G.Zalli, Monastir

Anastase G.Zalli е еден од првите издавачи на разгледници од Битола во периодот од 1902 до 1908 година. Тој е роден во Битола и живеел во истата сé до Балканските војни. Бил сопственик на книжарница, и е еден од првите издавачи на битолски разгледници. Исто така, како и другите издавачи, тој ги користи услугите за печатење во Германија во печатниците на:
Hermann Seibt од Meissen
Gluckstadt & Munden и
Ideal, Lickdruck во Германија.
Разгледниците од Anastase G.Zalli претежно се индивидуални, но ги има и во серија од две и повеќе, но не повеќе од четири. Покрај црно белата техника која е најчеста се јавуваат и во сепија техника (кафеава) и со зелена предоминантна боја. Описот на мотивите на неговите разгледници е на француски, грчки и турски. (со старата турска азбука). Неговото име и датумот на издавање на истите се обврзни на секоја разгледница.
Anastase G.Zalli editeur, Juillet 1905.
Отоманска Империја
Кај некои од неговите постари разгледници, како една од 1902 година, описот на истата е само на француски јазик и стои: Souvenir de Monastir Librairire et Papeterie Zalli, Monastir.