Skip to content

Издавач Ernest Louis Desire Le Deley

Францускиот фотограф и издавач Ernest Louis Desire Le Deley беше, исто така, еден од големите издавачи на разгледници од најразличен интерес, како уметнички разгледници, разгледници од најразлични градови во Франција и Северна Африка, и пропагандни разгледници. Фамилијата Deley беше многу позната во Франција по нивната издавачка дејност. Покрај разгледниците од Западниот фронт од Првата светска војна, тој издаде разгледници од истиот период и од Битола и воените операции од Македонскиот фронт.
Неговите разгледници беа печатени на два јазици, француски и англиски, заради американските војници кои се бореа на Западниот фронт, и англиските кои беа на Македонскиот фронт.
Ernest Louis Desire Le Deley како издавач работеше од 1900 до 1930 година. Во 1930 година неговата компанија, заради економската криза, пропадна.
Разгледниците од овој издавач се разликуваат по високиот квалитет на истите. Сите се во црно-бела техника со место на предната страна, долу под сликата или на десната страна од сликата, за опис на француски и англиски јазик и неговиот заштитен знак. Покрај годината кога истата е издадена во описот: “Guerre 1914-15-16-17 ….. Monastir”, постои и број на секоја разгледница (пр: “Vise Paris No 1643”). Неговиот заштитен знак се почетните букви од неговото име и презиме.