Издавач Farges В & G, Lyon, France
Една помала серија од 11 разгледници беше издадена од издавачите Farges В & G. од градот Lyon. Изработена во кафеава боја (Сепиа) со мотиви од градот дава слика на носталгија за градот кој е тука, но, сепак, е изменет. Панорамските слики се направени од Саат кулата или од Јени џамија и се едни од најмногу употребуваните за разгледници од тој период. Панорамата од Турските гробишта е доста интересна бидејки само на оваа разгледница прикажана е населбата Бела Чешма и дел од денешната населба Триаголник. Исто така, видлив е и патот (денес улица Филип Втори Македонски) од Прилеп кон центарот на градот. Реката Драгор со жените кои перат во неа, беше интересен мотив кој ќе биде овековечен и од други француски издавачи.