Skip to content

Издавач Levy Fils & Cie, Paris

Една од најголемите издавачки куќи во Франција за време на Првата светска војна беше Levy Fils & Cie, Paris. Сé започна во 1864 година кога париското фотографско студио “Ferrier Pere fils & Soulier” беше купено и постана “M.Leon & J.Levy”. Ова партнерство траеше сé до 1872 година кога M. Leon напушти и името се промени во “J.Levy & Со.” и стана една од најзначајните компании за изработка на стерео слики и слајдови (позитиви). Во 1895 година и неговиот син се приклучи на компанијата и името одново беше променато во: “Levy Fils & Cie, Paris” Неговиот син Lucien стана еден од најпознатите фотографи кој почна да издава разгледници, од Франција, Англија, Австралија и Русија. На неговите разгледници, покрај описот, стојат и неговите иницијали; LL (Lucien Levy). Серијата издадена од Levy Fils & Cie, Paris за Битола содржи повеќе од 45 разгледници. Покрај мотиви од Битола, можат да се видат и мотиви од пограничните села до Битола, селани во народни носии, слики од секојдневниот живот итн. Серијата започнува со број 1 а завршува со број 45, но некои од истата серија се без број. Истата е изработена во црно-бела техника.