Skip to content

Издавач Pillis & Coucoulim, Monastir

Издавачите Pillis & Coucoulim сите свои разгледници ги печатеа во Германија, во печатницата Gluckstadt & Munden од Хамбург. Во колку голем тираж истите беа печатени не ни е познато, но бидејќи најмалата количина во печатарските куќи била 1000 разгледници, веројатно таа бројка за Битола била сосема адекватна за големината на градот. За еднобојно печатење (сива, зелена или сина боја) цената за 1000 разгледници била 17.50 марки. Ако истите биле во повеќе бои, цената за првите 1000 била 55 марки, а за наредните 1000 само 25 марки. Затоа обично порачката за овие разгледници во боја била 3000 и повеќе. Веројатно оваа бројка за Битола била помала.