Skip to content

Издавач R.Gay, Toulouse, France

Разгледниците од овој издавач се со послаб квалитет, но тој ни прикажува интересни делови од градот кои не се јавуваат кај другите издавачи. Исто така, и квалитетот на хартијата е со слаб квалитет. Сите негови разгледници се изработени во црно-бела техника и го прикажуваат градот од ноември 1916 и пролетта од 1917 година.
Тој издава неколку серии кои се разликуваат по изглед. Една серија е со бела рамка, додека друга е без рамка. Броевите во серијата се повторуваат и е тешко да се утврди дали се работи за една или повеќе серии.
Иако не се со висок квалитет, овие разгледници даваат една слика на делови од градот во последните месеци на 1916 година и раните месеци од 1917 година пред бомбардирањето на градот од германската и бугарската армија. Многу објекти видени на овие разгледници ќе бидат уништени малку подоцна.
Toj исто така издава разгледници и од околината на Битола со мотиви од селскиот живот, на селата под Баба планина кои лежат на линијата на фронтот.