Опис
Белата касарна на разгледница Испратена во Франција на 26 декември 1918 година. Последната серија од Февзи, издадена по 1911 година со наслов “ Souvenir de Monastir” и опис само на француски јазик, е со послаб квалитет од претходните серии. Истите се печатени во Германија, во печатницата на Dr. Trenkler & Co од Leipzig. Мотивите кои ги има на оваа серија се објекти од армијата; касарни, воени училишта, или верски објекти, џамии.
Дата
1911-06-01