Опис
Исак џамијата со дуќаните покрај реката Драгор во 1918 година, издадена од H.Grimaud et Cie, Марсеј.
Монастир, 9 февруари 1918
Мои драги, Утре завршуваат 20 дена до одморот, искрено веруваам дека ќе имаме повеќе. Војниците кои имаат дозволи сé уште не заминале!! За среќа, Владата скоро објави дека одмената после 18 месеци на исток, беше едно право! Вчера ништо посебно, убав ден, јас работам ноќе. 4 часа чекање надвор, времето беше долго. Имав главоболка од сонцето без сомнение. Утрово немам ништо.Вчера не примив писмо но, на враќање од работа најдов пакет од 24 јануари со работи за кои ми кажавте порано. Благодарам.. Имам голема потреба од бел конец. Вчера ви го испратив турскиот сандук. Во каква состојба ќе пристигне? Денес ви го испраќам прекривачот.Едно мало писменце го опи шува предметот кој го испраќам, како и имињата на другите помали работи кои ги испраќам. Ви се молам, развијте ја плочата која ќе ја најдите во пакетот и испратете ми ги фотографиите ако се успешни.На едната е мојот колега Фред, на другата сум јас, таа може да е малку заматена. Времето е прекрасно денес.
Илјада нежни бакнежи.
Александар.
Дата
1918-01-01
Временски период
Медиум (материјал)
Димензии (mm)
Висина
140
Ширина
90