Опис
Поглед на зградите од спротивната страна на театарот преку малиот парк. Бомбониера “Прогрес”, продавница за бели пецива и бурек, ресторан “Работник”и книжарница “Култура”кои денес не постојат, беа преместувани неколку пати на други локации. Времето на издавање на овие разгледници е околу 1952/54 година.
Оваа разгледница е издадена од непознат издавач во 1952/54 година кој издаде две разгледници од Битола, со мотиви од малиот плоштад пред Народниот театар. Изработени во црно-бела техника на фотографска хартија и големина 10,5 см х 15 см, за времето кога тие се издадени, се навистина импресивни. Тие го прикажуваат првобитниот изглед на главната улица наспроти Народниот театар во првите години по 1950 година. Разгледницата број 562, сликана од паркот до Народниот театар, ги прикажува зградите од спротивната страна на улицата од кои некои денес и не постојат. Исто така, и паркот и театарот денес ги нема, а на нивно место е изграден Домот на културата.
Издавач
Временски период
Димензии (mm)
Висина
105
Ширина
150



