Опис
Почетокот на улицата Широк Сокак или како што тогаш го носеше името улица “Крал Петар”. Истата почнуваше од реката Драгор, покрај Саат кулата и дуќаните на горната слика и влегуваше во улицата која и денес е позната како Широк Сокак. Издадена од H.Grimaud et Cie, од Марсеј, а испратена во Франција, на 6 - ти март 1918 година.
21 мај 1918 година
Почитувани родители
Немам ништо интересно да ви кажам. Од моите последни писма вие знаете, дека јас работам во канцеларија.Таму сум добро и покрај работата која не свршува. Не се жалам. Оваа работа е многу поинтересна од онаа порано. Се надевам дека дозволата нема да задоцни многу долго. Сé уште не би можел да ви кажам кога би можел да бидам дома. Ќе ви поможам во реколтата (бербата) бидејќи ќе имам 45 дена на дозвола. Ќе биде доста интересно. Јас сум во добро здравје и ве прегрнувам со голема љубов. Бидете храбри, мои драги родители.
Гастон
Дата
1918-03-06