Триумфалната капија и реката Драгор гледано кон исток. На истата се гледаат Исак џамија –лево, и Јени џамија и Саат кулата – десно.
155. Триумфалната капија и реката Драгор гледано кон исток. На истата се гледаат Исак џамија –лево, и Јени џамија и Саат кулата - десно. Издавач Moustafa Fevzi, Битола 1911 година
155. Битола низ стари разгледници – а
Опис
Последната серија од Февзи, издадена по 1911 година со наслов “ Souvenir de Monastir” и опис само на француски јазик, е со послаб квалитет од претходните серии. Истите се печатени во Германија, во печатницата на Dr. Trenkler & Co од Leipzig. Мотивите кои ги има на оваа серија се објекти од армијата; касарни, воени училишта, или верски објекти, џамии.