На десната страна после Централната аптека на М.М.Катушиќ и берберницата “Здравље” е Ауто станицата “Југ”, продавницата Радио Салон со реклама за гумите Мишелин и на крајот се гледа рекламата на “Сингер” и Одела. На левата страна е реклама од “ПУТНИК”, некакво друштво ( не се чита) и телефонските столбови со многу телефонски линии. Разгледницата е испратена од Охрид на ден 27 јуни 1939 година до Господин Бранко Старчевиќ Београд, Цар Никола II бр.91