Главната улица „Крал Петар” во 1917 година. Лево е хотелот ”Балкан”а десно, во средината на сликата, е Католичката црква.
329
Опис
Главната улица „Крал Петар” (Широк Сокак) во 1917 година. Лево е хотелот ”Балкан”а десно, во средината на сликата, е Католичката црква.
На разгледницата јасно се гледа новиот изглед на улицата со гранитни големи коцки, поплочена по 1913 година, кои ја заменија старата турска калдрма. Во средината на седумдесеттите години овие гранитни коцки беа заменети со асфалт, за да подоцна целата главна улица да го добие денешниот изглед со гранитни плочи.