Панорама на градот од Тумбе Кафе со разрушените касарни
432
Опис
Црвената и Белата касарна беа бомбардирани и делумно разрушени за време на Првата светска војна. По војната, во текот на 1922 година, во експлозија на муницијата која беше складирана во Белата касарна објектот беше целосно уништен како што се гледа на овие неколку разгледници. И француските весници ја објавија оваа вест под наслов: “Explosion colossal a Monastir”
Точниот датум на експлозијата е 07 мај 1922 година.