Опис
Првото пристигање на возот од Солун за Битола, во 1894 година. Разгледницата е испратена на 3 март 1895 година во Брисел, Белгија, до:
Monsieur, M. Sehoepen
Procureur
118 rue Keyenveld
Bruxelles, Belgique
Благодарам и поздрави.
Solomon H.Perez
Железничката станица е изградена во 1894 година како и пругата од Битола до Солун. Работите почнале во 1891 година а во 1894 година свечено е предадена во употреба.
Железничката врска од Солун до Битола стана важен фактор за развитокот на градот и регионот, исто така. Преносот на стоки од пристаништето во Солун до внатрешноста на европскиот дел од Отоманската Империја се забрза, жителите се запознаа со европските стоки, а и стоки произведени од домашните земјоделци и сточари можеа да се продаваат во другите региони. Исто и армијата имаше голема корист од оваа врска за брзо пренесување на трупите, воен материјал и оружје.
Дата
1895-03-03
Временски период
Медиум (материјал)
Димензии (mm)
Висина
90
Ширина
140