На ден Бадник во Битола, во кругот на Офицерски дом во Битола, 1913
184
Опис
По брзото напредување на српската војска и победата над Турците кај Битола кон крајот на 1912 година, војската го пречека Божик во празнично расположение. Сите овие активности на српската војска следени се, и фотографирани од Рајковиќ и Ѓуковиќ цело време низ Македонија, од самиот почеток на Балканските војни. Заради брзото напредување на војската, повеќето од овие разгледници не се употребени, односно не се испратени по пошта. Некои од нив испраќани се за време на Првата светска војна и подоцна.