
Ознаки Исак џамија
Исак џамија е најголемата и главната џамија во Битола, сместена долж левиот брег на реката Драгор. Изградена во 1506 година, целиот комплекс на џамијата бил идеално поставен помеѓу тогашните управни објекти во близина на покриениот пазар Безистен и Големиот мост кој џамијата на другата страна ја поврзувал со главната улица Широк Сокак. Изградбата на џамијата била финансирана од страна на судијата Исак Челеби, син на Иса Факих. Исак Челеби прво бил судија во Солун, по што бил назначен за судија во Битола, каде се преселил заедно со својата фамилија. (извор: bitola.info)