
Ознаки Пазари
Старaта чаршија во Битола го доживува својот полн процут во 19-от век, кога во неа постоеле 75 категории занаетчии, распределени во 30 пазари и групирани во еснафи според нивната верска припадност.
Најпознатите пазари биле Ат пазар (пазар за животни), Араста (покриена чаршија), Мума пазари (свеќари), Тереќе (житен пазар), Туз (пазар за сол), Кетен (ленски пазар) каде што се наоѓале и големи складишта за вино и други пијалоци. Еден пазар бил специјализиран за продавање на грав, Телал и Ахтар пазарот за лековити растенија; друг бил резервиран за штавење на кожа, Стамбол чаршијата нудела ќилими и тенки свилени и памучни платна. Може уште да се набројат и Пазарот за рачни волнени производи, Пазарот за бакарни предмети (на брегот на реката) или Пекмез пазар специјализиран за продажба на слатка, без да се заборави Овчи пазар, Рибен пазар, Емишпазар итн. Телалската и Ахтарската (билкарската) чаршија; Влашката чаршија (волнени рачно изработени производи), Казанџиска и Кујунџиска чаршија (лоцирани покрај реката), Пекмез пазар, Овчи пазар, Рибен пазар, Дрвен пазар и други.
Помеѓу 75-те застапени занаети да ги наброиме: казанџиски, кујунџиски (изработки во техника на филигран), налонџиски, лулеџиски, грнчарски, тука се: јорганџии, ножари, пушкари, абаџии, папуџии, ќурчии, терзии, седлари, самарџии…
Уште и: леблебиџии, алваџии, бозаџии и други…
Денес за жал бројни занаетчии исчезнаа со појавата на индустриската стока и промените во начинот на облекување и исхрана. (извор: Занаети и еснафи во Битолско, Константинов, Милош)