Skip to content
Term thumbnail

Ознаки Разрушена Битола за време на Првата светска војна

Борбите за време на Првата светска војна завршија во 11 часот, на 11 ноември 1918 г., а со потпишувањето на мировниот договор, на 28 јуни 1919 година во Версај, Франција, официјално заврши Првата светска војна. За градот и битолчани тоа беше огромно олеснување. После четири години војна, деноноќно бомбардирање на градот и големиот број на жртви кај цивилното население, се дочека крајот на војната. Последиците од војната беа катастрофални. Градот со околу 60.000 жители во 1912 година остана со само 28.000 жители во 1919 година. Од 22 ноември 1916, само три дена откако го напуштија градот, па сé до 25 септември 1918 година, Германците и Бугарите ја бомбардираа Битола секој ден. Во текот на овие 22 месеци тие испалија запаливи бомби и бомби со отровен гас кои го уништија градот и неговите жители. Некои денови повеќе од 10.000 бомби беа фрлени на градот. Од 9 до 11 март 1917 година од отровни гасни бомби загинааа 550 жители. На 31 декември, кога на градот беа испалени 13.415 бомби, загинаа 508 жители, а беа повредени 755. Многу од жителите на Битола се преселија од градот во околните градови и села.
Како градот изгледаше по овие бомбардирања се гледа од следните разгледници издадени од многубројните издавачи од тој период.