Ознаки Црвена и Бела касарна
Во историјата на Битола посебно место заземаат познатите Црвена и Бела касарна, кои се наоѓале на местото на денешниот Градски парк, Спортска сала и Стадион.
Црвената касарна за пешадијата била изградена во 1837/38 година, кога гувернер и командант во Битола бил Ќосе Ахмет Паша. Архитект на објектот бил Стојан Везенков, кој за добро завршената задача, добил одликување од султанот и бил назначен за званичен турски архитект.
Изградбата почнала во 1837 година и според Мехмед Тефик, во градбата учествувале сите граѓани на Битола.
Кратко време по завршувањето на Црвената касарна почнала изградбата на Белата касарна за коњицата и артилеријата. Истата била завршена во 1844 година.
Според одредени извори во овие две касарни и придружните објекти можело да се смести околу 30.000 војска.
За време на Првата светска војна, Битола била бомбардирана во период од околу две години и голем дел од градот, како и двете касарни биле тешко оштетени. По војната, може да се каже дека со материјалот од овие два објекти, биле обновени многу други во тогаш разрушената Битола.