2. Балкански војни
Терминот Балкански војни се однесува на две војни, што се случиле во Југоисточна Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8 октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија формирале балкански сојуз против Османлиското Царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон.
Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Букурешт. (Wikipedia.org).
Балканските војни во Македонија, а особено во Битола, го прекинаа златниот период на разгледниците. Во Европа истиот траеше сé до 1918 година.
Издавањето на разгледници од издавачите од отоманскиот период згасна, односно целосно се изгуби. Оваа работа ја презедоа воените фотографи и издавачи кои, одејќи заедно со армиите, ги забележаа, односно фотографираа моменти од самите битки, или последиците од истите подоцна.
Вардарскиот дел на Македонија беше целосно контролиран од српската армија и сите разгледници од тој период се од српските воени фотографи и издавачи. Овие разгледници имаат пропаганден карактер.