Временски период 3. Прва светска војна
Првата светска војна, или како што ја викаа во тоа време Големата војна, траеше четири години, со катастрофални материјални и човечки жртви. Особено беше катастрофална за македонскиот народ од битолското подрачје, бидејќи фронтовската линија врвеше низ самиот град и околните битолски села.
Овој период од четири години, колку што траеше Првата светска војна на нашите простори, всушност, и е најбогат со разгледници во споредба со претходните периоди. Покрај разгледниците, изобилува со фотографии од местата каде се води војната, градовите, селата, последиците од војната. Сите големи весници во светот будно ја следат војната и секојдневно известуваат за истата со фотографии и артикли. Исто така, во Англија, Франција, Италија и другите земји се печатат магазини исклучиво посветени на војната.