Временски период 5. Втора светска војна
Нестабилноста која настана по Првата светска војна беше предуслов за една нова интернационална војна - Втората светска војна која избувна дваесет години подоцна и беше многу повеќе разурнувачка од претходните војни. За време од шест години, колку што траеше Втората светска војна, се смета дека загинале околу 45-60 милиони луѓе, биле уништени многу земји и материјални добра, повеќе од било која претходна војна. За кратко време по априлската инвазија, Југославија беше целосно контролирана од германската армија, за да подоцна поголем дел од Македонија биде предаден под контрола на бугарската армија. Битола остана под бугарска контрола сé до нејзиното ослободување на 4 ноември 1944 година.
Во овој период од четири години издавањето на разгледници целосно згасна. Сите дотогашни издавачи мораа да се пререгистрираат под новата бугарска управа. Разгледници од Битола, кои беа испраќани во тој период, беа од само неколку издавачи.
-Гр.Пасков од Софија,
-П.Савинов од Охрид
-Сотир Димов и брат му од Битола.