Битола—Црвената касарна и Воената академија во 1903 година, испратена во Брисел, Белгија.
dimce_najdov_15
Опис
Црвената касарна за пешадијата била изградена во 1253 година по исламскиот цалендар, односно 1837/38 година, кога гувернер и командант во Битола бил Ќосе Ахмет Паша. Архитект за истата бил Стојан Везенков. Изградбата почнала во 1837 година, и учествувале сите граѓани на Битола. Овој огромен објект, во кој можело да се сместат осум баталјони војска, бил завршен за шест месеци.
После кратко време по завршувањето на Црвената касарна почнала изградбата на Белата касарна за коњицата и артилеријата. Истата била завршена во 1844 година.
Во близина на овие две касарни била соградена во 1845 година, и Воената академија која и денес постои. Истата започна со работа во 1847/48 година. Кемал Ататурк го започна школувањето во 1895 година и заврши во 1899 година. Негов учител по историја бил Мехмед Тевфик Бег.